Вкусно предјадење: Здрава салата со пилешко и ѓумбир

Рецепт што ќе ве освои

Оваа салата е идеална за почеток на денот, бидејќи ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот

Потребни состојки:
  • 4 пилешки филеа
  • малку изрендан ѓумбир
  • 4 лажици масло од кикирики
  • главица кромид
  • тенко исечкана краставица
  • тенко исечкана ‘рдоква
  • свежо цеден сок од лимета
  • лажица чили-сос
Приготвување:

Варете го пилешкото во посолена вода околу 15 минути, па исцедете го месото. Измешајте ѓумбир, кромид, 3 лажици масло од кикирики и сол.

Во друг сад измешајте ‘рдоква, краставица, сол, лажица масло од кикирики и лажица чили-сос.

Распоредете ја салатата во чинии и врз неа наредете исечкано пилешки, па прелијте го со сос од ѓумбир.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.