Ви останаа многу јајца од Велигден? Еве 4 одлични начини на кои можете да ги искористите!

Фантастични идеи

Пригответе ги овие јадења од јајца

По Велигден, на сите ни остануваат неискористени јајца. Тие имаат ограничен рок на траење, а за да не ги фрлите, прочитајте ги нашите предлози како да ги искористите за вкусни јадења.

Јајца полнети со руска салата

Состојки:

  • 10 јајца
  • 200 г руска салата
  • магдонос

Приготвување:

Пресечете тврдо варени јајца во должина и извадете ги жолчките. Добро измешајте ги жолчките заедно со руската салата, па наполнете ги јајцата. Украсете со магдонос.

Мимоза салата готова за миг

Состојки:

  • 200 г рендана шунка
  • 200 г рендан кашкавал
  • 3 тврдо варени и рендани јајца
  • 100 г мајонез
  • 3 поголеми рендани компири
  • 2 канчиња кисела павлака
  • сол

Приготвување:

Шунката, кашкавалот, јајцата и компирот посолете ги и измешајте ги. Прелејте ги со мајонез и со кисела павлака, измешајте и салатата е готова.

Мешана салата со јајца

Состојки:

  • 1 главица зелена салата
  • 1 главица ендивија
  • 1 главица зимска салата
  • 1 врзоп рдоква
  • 1 главица кромид
  • 1 врзоп рукола
  • 4 домати
  • 1/2 лажиче сенф
  • 2 лажици оцет
  • сол, бибер
  • 4 лажици масло
  • по 1 врзоп сечкани мирудија, власец, магдонос
  • 4 тврдо варени јајца

Приготвување:

Исчистете ги главиците од сите набројани салати, измијте ги и исушете ги со протресување. Зелената салата и зимската салата исечкајте ги на помали парчиња. Ендивијата исечете ја на широки ленти. Добро исчистете ја, измијте ја, исушете ја и исечете ја руколата. Кромидот исечкајте го на прстени. Измијте ги рдоквата и доматите, исчистете ги и исечкајте ги на тенки резанки.

За преливот, треба да измешате сенф, мед и лажица ладна вода. Посолете и забиберите. Додајте зачинско билје и масло и промешајте. Салатите, руколата, кромидот, рдоквата и доматите измешајте ги со преливот во голема чинија за салата. Излупете ги тврдо варените јајца, пресечете ги на осмини и послужете ги врз салатата.

Највкусниот ролат од спанаќ и компири со јајца

Состојки:

  • 500 г компири
  • 1 главица кромид
  • 350 г спанаќ
  • 7 јајца (3 живи и 4 варени)
  • 50 г путер
  • сол

Приготвување:

Компирот сварете го во посолена вода. Кога ќе се олади, излупете го и изрендајте го. Спанаќот потопете го во посолена врела вода. Исцедете го и ситно исечкајте го. Додајте го во ренданиот компир заедно со рендана главица кромид. Во смесата додајте 3 изматени јајца. Посолете и забиберите. Сето тоа промешајте го додека добиете хомогена смеса. Распространете ја врз алуминиумска фолија.

Преостанатите 4 варени јајца, ставете ги во едниот крај од кората со спанаќ. Со помош на фолијата, завиткајте ја кората во ролат и ставете ја во подмачкан плех. Прелејте ја со растопен путер. Печете ја на 200 степени Целзиусови.

Што да направите со вишокот белки и жолчки од јајца? Еве неколку идеи
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.