Што да направите со вишокот белки и жолчки од јајца? Еве неколку идеи

Не ги фрлајте

Некои рецепти бараат само белки од јајца или жолчки од јајца, но потоа се јавува проблем – што е со останатите? Во никој случај не ги фрлајте, но обидете се со некои од овие осум интересни идеи.

Кулинарските авантури, особено ако печете колачи, честопати ќе ве остават со неколку белки или жолчки вишок. Но, пред да се упатите кон кантата за ѓубре, размислете двапати.

Препорачуваме да им дадете втора шанса на остатоците од јајца и да пробате некои од овие рецепти.

За вишок белки од јајца:

1. Колач од белки
Се чини дека нешто волшебно се случува кога ги мешате белките со шеќер. Добиениот „шлаг“ ставете го на кора за пита и печете како лесен десерт.

2. Омлет
Омлет од белка од јајца е добар начин да јадете јајца во нетрадиционална, а во исто време полесна и поздрава форма. За да добиете погуста структура, додадете малку пире од домати или спанаќ.

3. Коктели

Белката од јајце може да додаде кремаста текстура на многу коктели, а протеините ќе ги балансираат киселите состојки и ќе имате убава пена на врвот на коктелот.

За вишок жолчки од јајца:

1. Сладолед
Научете како да подготвите крем од жолчка и наскоро ќе можете да направите сладолед дома без никакви проблеми. Откако ќе научите како да направите основа, пред вас ќе се отвори свет на можности. Можете да ставите парчиња лисја од нане или мелени ореви.

И ако не сте за сладолед, ќе имате крем коа ќе ви „седи“ одлично на кој било десерт.

2. Посолете ги
Пробајте го овој таен рецепт од многу врвни готвачи. Посолете или едноставно маринирајте ги жолчките (на пример во соја сос) и потоа изедете ги со сè: тестенини, ориз…

3. Пудинг
Можеби не верувате во тоа, но жолчката од јајца е виновникот за богатството на вкусови на најдобрите кремасти пудинзи. Секако, ако размислите за тоа, има смисла, бидејќи пудингот е само печена верзија на кремаст сладолед.

4. Холандски сос
Доколку не сте за слатки, направете го овој богат сос неопходен за подготовка на јајца Бенедикт, но кој може да послужи и како сос за домашен бисквит од путер.

Прочитајте и: Одличен рецепт: Еве како правилно да чувате лук и до 2 години, а да не се исуши, скапа или да овене!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.