Бјути-трик на принцезата Дајана: За блескава кожа без неправилности, испробајте ја оваа генијална домашна маска!

Рецепт

Дајана обожавала и практикувала природна нега

Малкумина би рекле дека принцезата Дајана имала проблем со несовршена кожа, особено со розацеа – црвенило што се јавува како последица на проширени капилари.

Но една многу едноставна бјути-рутина ѝ помогнала кожата на лицето да ја одржи беспрекорна.

Нејзината козметичарка и пријателка Мери Гринвел ги открила нејзините методи и двата производа без кои не можела да живее.

Многумина се сеќаваат на принцезата Дајана како на една од најголемите природни убавици, но дури и таа водела битка со несовршеностите на кожата. И покрај проблематичната состојба на кожата, како што се црвенилото и сушењето, нејзината кожа секогаш изгледала негувана, хидрирана и без видливи дамки. Благодарение на нејзината козметичарка и пријателка Мери Гринвел, сега знаеме како Дајана го постигнала тоа.

Наместо да подлегнува на скапи третмани и производи, Леди Ди се потпирала на едноставните и достапни препарати, како што се смирувачкото масло од ружа и домашните маски за лице од авокадо.

Но тајната за нејзината совршена кожа се криела и во доследната бјути-рутина. Гринвел открила дека Дајана се придржувала до едноставна рутина на чистење, тонирање и хидратација на кожата два пати дневно.

„Дајана беше многу разумна кога станува збор за кожата. Секогаш ја вадеше шминката на крајот од денот и внимаваше да има чисто лице пред да нанесе шминка“, раскажала Гринвел за странските медиуми.

„Кога почнав да работам со неа, Дајана почна сѐ да прави умерено. Ја намали консумацијата на алкохол, што често поттикнува розацеа, па тоа веројатно ѝ помогна да ја одбегне појавата на непријатните дамки“, рекла Гринвел.

Ова е рецептот за едноставната маска за кожа од авокадо што ја користела принцезата…

Состојки:
  • 1/2 зрело авокадо
  • 2 лажици топла вода
  • 1 лажица мед
Примена:

Згмечете го авокадото со виљушка. Растопете го медот во топла вода, а потоа додајте го авокадото и сето тоа помешајте го во хомогена смеса. Нанесете ја маската на лицето со прсти или со помош на четкичка. Оставете ја да дејствува 10 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

Совети за убавина: Метод 4-2-4 за совршено чисто и здраво лице
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.