Универзален прелив за пита: Ако ја премачкате секоја кора со оваа смеса, ќе добиете превкусно меко печиво!

Испробајте!

Квалитетот на корите не е важен, сè додека ги премачкувате со оваа смеса

Ако ја премачкате секоја кора со овој прелив пред да го ставите филот (без разлика дали е благ или солен), ќе ја добиете најмеката и највкусната пита на светот.

Состојки:
  • 8 лажици брашно
  • 2 шолји млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 шолја масло
  • сол или шеќер (во зависност од тоа каква пита правите)
Приготвување:

Наведените состојки за преливот се мешаат во една чинија. Кога се приготвува пита од готови кори, без разлика дали е солена или блага, секоја кора се премачкува со овој прелив, а потоа се филува на вообичаениот начин. Преостанатиот прелив се сипува преку питата и се остава да отстои пред печењето околу час и половина.

Вака питата ќе биде многу подобра и повкусна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.