Течно и убаво: Пилешки паприкаш со печурки

Лесно предјадење

Ова вкусно јадење на лажица можете да го послужите како лесно предјадење или како главен оброк

Состојки:
  • 3 главици црвен кромид
  • 3 моркови
  • 100 г корен од целер
  • 4 пилешки батаци со средна големина
  • 200 г шампињони
  • 200 г шитаке-печурки
  • 20 г сушени лисичарки
  • 2 чешниња лук
  • една полна лажица сенф
  • 150 мл бело вино
  • 1 лажица црн пипер
  • 2 лажици густин
  • 2 лаврови листа
  • пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид и коренот од целер се чистат и се сечат на коцки, а морковите на крукчиња.

2. Пилешките батаци се одвојуваат од коските и кожичката и се сечат на покрупни парчиња.

3. Шампињоните и шитаке-печурките се сечат на дебели листови.

4. Во поголем сад на малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додаваат целерот и морковите.

5. Се додава месото и се пржи, постојано мешајќи, додека ја промени бојата.

6. Потоа се додаваат шампињоните, шитакето и лисичарките, се налева малку вода, па се поклопува и се готви на умерена температура.

7. Откако печурките ќе омекнат наполу, се сипува бело вино, се додаваат лавровиот лист, црниот пипер, сенфот и пасираниот лук. Се продолжува со варење, по потреба додавајќи вода.

8. Пред крајот на варењето се мати густинот во малку вода, па се налева во паприкашот. Се додаваат зачини по желба и се вари уште пет минути, додека јадењето ја добие посакуваната густина.

Уште вакви рецепти ќе пронајдете во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.