Незаборавен ручек: Алфредо-тестенини од рерна

Вкусен деликатес!

За приготвување на јадењето можете да користите различни видови ситни тестенини

Состојки:
  • 1 помала главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 150 г месеста сланина
  • 450 г пилешко бело месо
  • 350 г тестенини
  • 350 мл пилешка супа
  • 350 мл павлака за готвење
  • 50 г рендан пармезан
  • 150 г моцарела
  • босилек
  • 1 лажиче путер
  • масло
  • сол

 

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, а лукот на плочки.

2. Сланината се сече на стапчиња, а пилешкото бело месо на коцки.

3. На малку масло се растопува путерот, па се додаваат црвениот кромид и лукот, па кратко се пропржуваат.

4. Се додава сланината и се пржи додека замириса. Потоа се додава пилешкото месо и се продолжува со пржење, со постојано мешање, додека месото ја промени бојата.

5. Се додава пармезанот, па се сипува мешавината од супа и павлака, а потоа се вари додека зоврие.

6. Се додаваат тестенините, босилек и зачини по желба. Потоа се вари на умерена температура, повремено мешајќи, додека тестенините ја впијат течноста и не набабрат.

7. Потоа смесата се префрла во огноотпорен сад, се посипува со рендана моцарела и се потпекува во рерна дваесетина минути.

Побарајте уште вакви вкусни предлози за ручек во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.