Росалинда наполнила 48 години: Поминаа точно 20 години, а таа не изгледа ни еден ден постаро!
Неверојатно
Жена со совршена убавина, чист тен и вита фигура
Мексиканската актерка и пејачка Талија, која кај нас остана запаметена како Росалинда од истоимената серија, денес слави 48-ми роденден.
Серијата „Росалинда“ е снимена во 1999 година, пред точно 20 години, а кај нас се прикажуваше една година подоцна.
https://www.instagram.com/p/B0mkgWmhge1/?utm_source=ig_embed
Сепак, кога ќе ги погледнеме нејзините денешни фотографии, се чини дека Мексиканката нема остарено ни еден ден.
Жената со совршена убавина, чист тен и вита фигура, каква што ја запомнивме, и денес е таква! Некои велат дека е уште поубава.
https://www.instagram.com/p/B0RP1eMhPn_/?utm_source=ig_embed
Интересно е тоа што „Росалинда“ е всушност последната теленовела што ја снимила Талија, но и најпопуларна.
Во 2000 година актерката се омажила за 22 години постариот музички директор, Тони Мотола, престанала да снима серии и се посветила на музичката кариера и претприемништвото.
https://www.instagram.com/p/B09ttqAhT8Z/?utm_source=ig_embed
Обожава и моден дизајн, а со оглед на тоа што има фигура како 20-годишна девојка, ужива да се фотографира во своите модели и да ги објавува фотографиите на социјалните мрежи.
За нејзиниот младешки изглед делумно е заслужна и пластичната хирургија, што актерката никогаш не го криела.
https://www.instagram.com/p/BuK2nsODuPO/?utm_source=ig_embed