Летното мени не може да помине без интересни и несекојдневни комбинации на вкусови на кои е невозможно да им се одолее… Ако сакате да експериментирате во кујната, пронајдете инспирација во овој наш рецепт.
Состојки: микс на зелена салата по избор, три парчиња халуми-сирење, 50 г јагоди, семки од тиква, лен и сончоглед, две лажици маслиново масло, лажиче бел вински оцет, лажиче мед
Приготвување: направете сос од маслиновото масло, медот и оцетот и со него прелијте ја зелената салата.
Врз салатата сервирајте го грилуваното халуми-сирење и додајте сечкани јагоди и друго сезонско овошје по желба – малини, боровинки (кои се согласуваат одлично со сирењето).
Со салатата можете да послужите и двопек потпечен на путер со додавање песто-сос. На крај, посипете ја салатата со семки од тиква, лен и сончоглед.
Текст и фото: Убавина и здравје