Рижото со ракчиња и со цвекло

Совршен спој на неспоивото

Во светската гастрономија станува популарно спојување зеленчукови и овошни пиреа. Пиреата се користат во приготвување различни сосови, кои му даваат доза на необичност на класичното јадење. Многу е интересен спојот на пире од целер и бадеми, кое се сервира со риба или со бифтек.

Состојки: 100 г ориз, главица кромид, главица лук, свеж сок од цедено цвекло, 20 г путер, маслиново масло, малку сол, црн пипер, 20 г рендан пармезан, две лажици павлака, 150 г ракчиња (ако не сте љубител, можете да ги замените со пилешко месо)

Приготвување: пропржете го сечканиот кромид во загреано маслиново масло потоа, додајте ги лукчето и оризот и налејте малку вода за да се издинстаат.

На половина од готвењето, додајте го сокот од цвекло. Пред самиот крај, додајте путер, пармезан, сол и црн пипер.

Сервирање – врз оризот ставете ги грилуваните ракчиња и прелијте ги со малку изматена павлака.

Текст и фото: „Убавина издравје“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.