Лето & љубов: Што ни порачуваат ѕвездите?

Голем летен хороскоп

Фото: Getty Images

Прочитајте што ве очекува ова лето на емотивен, деловен и здравствен план од нашиот голем летен хороскоп.

ОВЕНОТ се забавува

ЕМОЦИИ Летото ќе биде динамично. Во претстојниот период само мал број Овни ќе доживеат стабилност на емотивен план. За да ја постигнете, сепак ќе мора да бидете подготвени за компромиси. Кон крајот на јуни ќе бидете поимпулсивни, љубоморни и малку навредени поради тоа што партнерот нема да ви посветува доволно внимание.

Не се исклучени жестоки караници, кои му се својствени на вашиот знак. Бидете подготвени за разговор и ништо не оставајте да помине само од себе. Овие отровни чувства ќе ви ја одземат енергијата, но во почетокот на есента ќе се преродите.

На слободните претстојното лето ќе им донесе нови познанства, нови можности, па бидете подготвени да им се препуштите, да уживате и да се забавувате. Сепак, вашето внимание нема да биде насочено само кон една личност, а како да биде кога имате толку многу можности!

ЛЕТЕН РЕСЕТ Вие сте типичен пример на личност што е активна преку целата година, па такви ќе бидете и за време на одморот. Благодарение на трчањето, ролерите или велосипедот, ќе заборавите голем број проблеми. Особено ќе дојде до израз вашиот натпреварувачки дух. Изберете дестинација со бурен ноќен живот, со забави на плажа, со голем број клубови… А доколку сакате да ја зачувате врската од искушенија, одете на одмор со партнерот.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Страсна и романтична драма може да доживеете со друг овен. Близнаците ќе го разгорат вашиот огнен занес. Усогласеноста на карактерите со лавот и со стрелецот може да резултира со стабилна врска. Девицата и јарецот не ви се компатибилни, додека, пак, со скорпија ве очекува фрустрирачко искуство.

БИКОТ ужива во популарноста

ЕМОЦИИ Првите летни денови ќе донесат пресврт во однос на претходниот период, во кој вие бевте главен иницијатор на сите средби, излегувања… Сега можете да се опуштите, бидејќи ситуацијата се менува во ваша полза – ќе станете навистина популарни! Ќе имате голема поддршка од семејството, другарите и од партнерот.

На слободните им претстои период со голем број понуди, но ниедна нема да им го освои срцето. Во брачните и во стабилните врски ќе дојде до преиспитување на односот, ќе се засилат позитивните и негативните влијанија. Само со сериозна љубовна приказна ќе успеете да им одолеете на искушенијата, што ќе резултира со успех, особено ако вашиот партнер е роден во знакот јарец.

ЛЕТЕН РЕСЕТ За вас е карактеристично тоа што умеете да најдете време за одмор, за уживање со партнерот, за долги прошетки покрај морето, па сето тоа ќе придонесе вашиот одмор да биде совршен. Романтиката ќе кулминира во врските. За вас најдобра опција е да отпатувате со автомобил, бидејќи сте љубител на возењето. Во согласност со вашиот хедонизам, идеален избор е хотел со спа-центар.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Добра перспектива ве очекува со девица и со јарец. Поради големите разлики во карактерот, лоша прогноза имате со овен и со близнаци. Ракот ви е задоволувачки партнер, а терезијата ви нуди емотивна топлина.

БЛИЗНАЦИТЕ се на тест

ЕМОЦИИ Првата половина од годината ви беше особено поволна. Веројатно ви донесе многу нови околности, особено доколку во вашиот живот влезе некој динамичен, атрактивен странец. Тоа ќе придонесе да го смените темпото, често да патувате, да престојувате надвор од земјава и да добиете нови деловни понуди.

Со Венера во вашето поле на љубовта, дефинитивно ќе бидете „потресени“, се разбира во позитивна смисла. Сепак, компромисите не ви се силна страна, но вашиот аналитичен ум ќе успее добро да процени.

Ако сте во врска, во втората половина на јуни и во почетокот на јули се можни мали расправии, затоа што партнерот ќе се обиде да ви го наметне своето темпо, кое е значително побавно од вашето, па ќе се чувствувате како да ве кочи. Ќе му забележите и заради мешањето на еден член од неговото семејство во вашиот однос.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Сакате пократки одмори и поблиски дестинации, па љубовната ситуација ќе ви оди ви прилог. Вие на годишниот одмор главно се одморате од ноќниот живот и од забавите, па идеално е да направите серија од неколку продолжени викенди. Ако се одлучите за подолг одмор, тоа нека биде посета на некој поголем, историски значаен град, кој ќе го задоволи вашиот љубопитен дух.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Со овен е можна долготрајна заедница, а со лавот сте идеална двојка. И страсната врска со терезија може да биде перспективна. Врската со бик нема да биде со долг век. Ниту со девица немате добри прогнози за иднината.

РАКОТ прави чекор повеќе

ЕМОЦИИ Овен, лав или скорпија би можеле да станат центарот на вашиот свет, па нештата ќе се одвиваат побрзо од очекуваното. Во почетокот на летото слободните ќе почнат нова врска. Ќе се потрудите односот да потрае, а не се исклучени ни свршувачки, како и влегувања во брачни води. Другиот дел од слободните ракови нема да има мир затоа што ќе се впушти во врска со бик, терезија или со јарец, кој не е слободен.

Дури и да сте во брак, љубовниот живот ќе ви биде поинтензивен одошто посакувате. Топлото семејно гнездо ќе го замените со излегувања, но сепак ќе тежнеете кон стабилност во партнерскиот однос. Бидете внимателни со зборовите – еден погрешен збор би можел да ви ја загрози врската. Вежбајте трпеливост!

ЛЕТЕН РЕСЕТ Сонцето ќе ве предизвикува да се покажете во вистинското светло и да го симнете оклопот. Кампувањето ќе ви овозможи да уживате во природа, а земајќи предвид дека сакате да бидете опкружени со саканите луѓе, размислете за организирање семејни дружења. Доколку сакате нешто повозбудливо, изберете рафтинг. Означете на својата мапа некој културен центар со голем број музеи, галерии и концерти.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Бикот ви носи чувствителност, меѓусебно почитување, и тоа е она за што ќе се борите. Опуштена врска е можна со девица. Со рибите ви претстојат одлични денови, но не и со овенот. Избегнувајте ги стрелците, бидејќи би можеле да ве повредат.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.