Лето & љубов: Што ни порачуваат ѕвездите?

Голем летен хороскоп

Фото: Getty Images

ЛАВОТ се впушта во авантура

ЕМОЦИИ Во почетокот на летото на површина ќе исплива вашата вродена потреба за експонирање, излегување и запознавање нови луѓе, што ќе ја загрози стабилноста на љубовната врска. Со преголемото самоистакнување, дополнително ќе го нервирате емотивниот партнер, а голем број слободни лавови со својот љубовен избор ќе предизвикаат мал скандал.

Партнерот од вашето работно опкружување не е слободен, па тоа би можело да остави долготрајни последици. Затоа настојувајте да ја избегнете оваа стапица, без разлика што сте водени од повисоки мотиви. Слободните ќе имаат изразена потреба од авантури, па нема да сакаат стабилна врска.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Каде и да се појавите, сите очи се вперени во вас. Вашиот сексапил ќе биде максимално изразен, а заведувањето е ваша главна активност. Ако сте во врска, одлучете се за одмор во некое монденско место.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Овенот совршено ви одговара во сексот. Одлична забава ви е гарантирана со стрелец, а со малку труд и толеранција, ќе уживате со близнаците. Комбинацијата со девица ќе резултира со краткотрајна тајна врска. Тешка и невозможна е врската со риби.

ДЕВИЦАТА прави големо емотивно чистење

ЕМОЦИИ За време на летото ќе го правите она што најмногу го сакате – ред во љубовните односи, и во животот, генерално, ќе поставувате услови и ќе добивате можности да остварите значајни промени на емотивен план.

Мали се шансите некој припадник на овој знак да остане слободен. Ќе бидете многу активни, омилени и канети во друштво, така што нема да можете да стигнете секаде. Особено ќе ве заинтересира некоја скорпија или јарец.

Слободните ќе имаат среќа – ќе успеат да најдат партнер по своја мера. Постои можност за обновување емотивна врска од минатото. Девиците што се во брак, ќе почувствуваат наклонетост кон трето лице, но нема да ризикуваат.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Голем дел од времето ќе поминете купувајќи го вашето омилено овошје, а додека уживате во вкусните залачиња, ќе имате можност да ја покажете вашата способност за организирање забави на отворено. Доколку не сакате да се заморувате со организирање, побарајте веќе организирани настани. Мал совет: летното четиво треба да биде забавно, па ставете ја на полиците стручната литература и не отворајте ја до почетокот на есента!  Посветете им време на саканите луѓе и ќе добиете многу за возврат!

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Врската со овен не е создадена во рајот, компатибилни сте со бикот, иако не ви претстојат возбуди со него. Ракот ви нуди емотивна сигурност и ги задоволува вашите најдлабоки чувства. Избегнувајте лав, терезија и стрелец.

ТЕРЕЗИЈАТА добива сериозна понуда

ЕМОЦИИ Очекувајте го неочекуваното. Ова лето ќе доживеете љубов од бајките. Лицето што ќе ве прими веднаш длабоко во срцето живее во далечни краишта. Обидете се да бидете нежни и попустливи, контролирајте ја желбата за поседување.

Слободните ќе добијат сериозна љубовна понуда. Оние што се во брак ќе мора да поработат на унапредување на односите, бидејќи некое време секој води свој живот и хармонијата е сериозно нарушена. Добра вест е што ќе почувствувате олеснување со првите денови на есента, кога нештата ќе се вратат во нормала и ќе ви донесат радост.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Го обожавате летото, меѓу другото, и поради кратките фустанчиња. Конечно имате можност да ги покажете своите адути и нема да го пропуштите тоа. Ќе флертувате и заведувате и ќе бидете во центарот на настаните. Дефинитивно нема да бидете осамени, туку во прегратките на саканата личност. За одмор изберете дестинации со богата архитектура или места со зачувана природа.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Со овенот очекувајте конфликти. Исто така и со јарецот. Близнаците ќе ви понудат одлично друштво во кревет, но и топла и долготрајна заедница. Со ракот тешко ќе се усогласите на секое поле. Ќе пламти врската со лавот, додека, пак, онаа со девицата ќе биде на стаклени нозе. Со стрелецот е можен и долготраен и краткотраен однос.

СКОРПИЈАТА е претпазлива

ЕМОЦИИ Летото ви носи тајни авантури, а пред вас ќе се најде овенот, со кого ви претстои премногу интензивен однос. И во деловното опкружување ќе ви се укажат неколку љубовни можности, но повеќето се за избегнување. Генерално, летото ќе ви биде стресно, без разлика на вашиот емотивен статус.

Сепак, вашата вродена интуиција и жилавост ќе ви помогнат да поминете без потешки последици и без емотивни лузни. Вашата способност да ги трансформирате работите ќе ви помогне ситуацијата да ја свртите во сопствена полза и да извлечете одредени бенефиции од неа. Слободните би требало да избегнуваат љубовни релации со Јарец, а ова лето нека не очекуваат нешто повеќе од авантури.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Скорпиите не се љубители на летото, но умеат да уживаат во пријатни летни вечери. Тоа е идеална можност да се опуштите и да ги заборавите проблемите, со звуците на музиката. Сепак, не претерувајте со алкохол. Прошетките покрај вода ќе ви донесат мир и спокој. Доколку ви дозволуваат финансиите, уплатете крстосување.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Хармонична заедница е можна со рак. Страсна но тешка врска ви претстои со друга скорпија. Од стрелецот не очекувајте нешто повеќе од врска за една ноќ. Рибите можат да ви понудат посебно искуство.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.