Лето & љубов: Што ни порачуваат ѕвездите?

Голем летен хороскоп

Фото: Getty Images

СТРЕЛЕЦОТ е на искушение

ЕМОЦИИ Пред вас е период на искушенија. Ви претстојат интересни познанства. Тие ќе внесат дополнителна возбуда во вашиот живот, истовремено наметнувајќи ви ја задачата да го зачувате тоа што го имате. Исто така ќе почувствувате потреба да смените нешто во односот со партнерот, а тој ќе го почувствува тоа како вистинско освежување.

Во почетокот на септември ќе ги надминете сите љубовни кризи и ќе уживате во врската како што уживавте во почетокот. Слободните нема да знаат како да се постават пред личноста што ќе им ја потресе почвата под нозете. Сепак, со привлечните квалитети на еден стрелец, брзо ќе се вратите во форма.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Поголемиот дел од времето ќе го поминувате на отворено. Посета на спортски настани, како и престој во забавни паркови, ќе ви причинува големо задоволство. Не е важно каде ќе го поминете одморот. Ќе настојувате да бидете опкружени со саканите луѓе и да се занимавате со интересни активности.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Повеќето ќе ви завидуваат поради здравата врска со овенот. Со водолијата сте идеална двојка, типичен спој на слободоумни луѓе што толерираат различност. Со бикот делите љубов кон животот, но неопходно ви е усогласување, а со ракот тешко дека ќе опстанете. Со девицата е можен само интелектуален спој, а со јарецот деловен. Врската со скорпија е осудена на пропаст.

ЈАРЕЦОТ е склон на преиспитување

ЕМОЦИИ Многу припадници на овој знак ќе помислат дека ја сретнале љубовта на својот живот. Романса со бик или со скорпија ќе биде комплетно во ваш стил. Во животот на слободните ќе има многу новости, бидејќи кога ќе сфатат дека се во можност да почнат врска со мошне квалитетна личност, ќе го следат и темпото што не им е својствено.

На зафатените јарци им се препорачува внимателност до крајот на летото, особено на оние што се во брак, затоа што еден невнимателен потег би можел да им направи голем проблем. Зафатените јарци ќе се преиспитуваат, што ќе внесува тензија во односот. Не очекувајте големи промени доколку не работите на себе и на врската.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Важите за знак што не ужива во летото нешто посебно, па ќе направите сè за да ви помине побрзо и ќе се вклучите во забавни дневни активности. Облечете удобна облека и упатете се во природа – по можност на планина, каде што повеќе ви годи климата.

Ако пријателите ве поканат на море, однапред известете ги дека не доаѓа предвид никаква дополнителна дневна или вечерна активност, затоа што ви е потребен вистински одмор. Ќе ве интересира само да се излежувате на плажа, под сенка, се разбира. А партнерот ќе мора да го следи вашиот ритам.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Со овенот традиционално имате непремостливи разлики, а врската со близнаците, поради разликите и конфликтите, е невозможна. Идеално се согласувате со бикот, а можете да основате успешна заедница со ракот, кој ви дава сè што ви е потребно – топлина, нежност и стабилност. Со лавот има смисла само пријателство, а складна врска е можна и со скорпија.

ВОДОЛИЈАТА преминува на дела

ЕМОЦИИ Ако запознавте личност што ве интересира, периодов ќе настојувате тоа јасно да ѝ го ставите до знаење. Слободните водолии ќе привлекуваат внимание секаде каде што ќе се појават, но ретко кој ќе допре до нивното срце. Ќе имате успех кај лавот, овенот, стрелецот, всушност кај знаците што ви одговараат.

Една водолија ќе биде целосно фасцинирана од вас, што воопшто не е лесно. Избегнувајте ги јарците и раковите за да не се разочарате. Ако сте во врска, ќе посакате да го продлабочите односот со партнерот. Некои ќе се одлучат за заеднички живот со него.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Посветете му се на љубовниот живот, кој ви е наклонет летово, бидејќи во спротивно ќе ве мачат здодевност и незадоволство. Бидејќи не сте срамежливи и сакате внимание, за каков вид одмор и да се одлучите – ќе стекнете нови пријатели и ќе бидете омилени во друштвото. Ќе посетувате разни клубови, ќе пробувате нови вкусови, ќе излегувате, ќе се дружите… Ова лето ви нуди многу можности!

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Најголеми шанси за долга врска имате со овен, бидејќи вие „измислувате“, а тој „реализира“. Духовна хармонија ќе ви понудат близнаците, но не и бикот – тој е врзан за материјата, а вие за духовното. Однос полн со возбуда и емоции е можен со Терезија, а интересна врска може да имате и со стрелец – ќе ве поддржува и охрабрува. Со јарецот ќе се разидувате во интересите.

РИБИТЕ си го живеат сонот

ЕМОЦИИ Почетокот на летото ќе ви донесе преиспитување и малку ќе ви ја потресе самодовербата. Ако направите ретроспектива на претходните настани, ќе сфатите дека дотука ве донесе вашата избрзаност во одлуките.

Но ситуацијата ќе се смени на средината на летото, кога ќе имате можност да ги живеете своите сништа. Сè што ве вознемируваше, ќе се смири во почетокот на август, ќе решите многу дилеми и ќе сфатите кому треба да му се посветите.

Во тој период ќе го тестирате партнерот за да видите колку можете да се потпрете на него.

ЛЕТЕН РЕСЕТ Ве привлекува водата, па добар избор е прошетка покрај морски брег. Сакате интимни дружби, за време на кои можете да разговарате со партнерот. Ве восхитува секое бегство од реалноста, а одморот ви дава шанса да се опуштите и да сонувате, па идеален избор за вас е да изнајмите куќа надвор од градот, доколку сте во можност.

Ако се прашувате кој ќе ве придружува на годишниот одмор… Ако одите кон крајот на летото, дефинитивно новиот партнер.

ИДЕАЛНИ ПАРТНЕРИ Со овенот не се согласувате најдобро. И водолијата нема да ве разбере. Со близнаците се можни недоразбирања, но брзо ќе се вратите во рамнотежа. Најдобра комуникација ќе остварите со припадниците на вашиот знак. Речиси совршен љубовен однос е можен со скорпија. Ако тежнеете кон романтика, насочете се кон ракот. Долговечна љубов полна со пријатни изненадувања ќе ви овозможи бикот.

Текст: Наташа Човиновска

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, PIXABAY, PEXELS

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.