На крштевка кај внукот на Цеца: Први фотографии од малиот Жељко (ФОТО)
Премиера на наследникот
Цеца Ражнатовиќ јавно му ја честита крштевката на својот внук Жељко објавувајќи негова фотографија на својот инстаграм-профил и посветувајќи му ги следниве зборови:
Наш мал и сакан Жељко, честита крштевка! Секогаш да си ни среќен, здрав, сакан, успешен, да пораснеш во човек со благородно срце со кого сите ќе се гордееме!“
Честитка по повод крштевката на својот внук објави и Анастасија Ражнатовиќ.
Срце мое најдраго. Душо на мојата душа. Среќно нека ни е твоето крштевање. Господ знае колку те засакав штом дознав дека ни доаѓаш на овој свет, а уште повеќе кога првпат те видов. Овој ден за мене е голем ден, кој ќе го паметам цел живот. Немам свои деца, но верувај ме дека те чувствувам и гледам како да сум те родила. Љубовта што ја чувствувам кога ќе те погледнам во тие твои невини паметни очиња е немерлива. Знам дека ќе се гордеам со тебе и дека ќе бидеш момчиште какво што немало досега! Те сакам, најубаво мое, повеќе од животот!“, порача гордата тетка, објавувајќи кратко клипче и фотографии со малиот Жељко.
И гордиот татко Вељко Ражнатовиќ на својот инстаграм-профил објави фотографија од крштевката на наследникот со кумот и сопругата Богдана Родиќ.
Фото: Инстаграм, ATA Images