Салата што ги прочистува цревата: Совршен оброк за слабеење, здравје и детоксикација на организмот

Пробајте!

Ја викаат метла или четка, бидејќи го прочистува телото од маснотии и вишок килограми

Доброто здравје подразбира откажување од лоша храна. Кога ќе почувствувате дека сте претерале со масна, зачинета и солена храна, пресечете и дозволете си порција салата што ги прочистува цревата однатре.

Состојки:
  • зелка
  • цвекло
  • морков
  • зачинско билје
  • лимонов сок
  • масло
Приготвување:

Изрендајте зелка, цвекло и морков во сооднос 3:1:1. Додајте зачинско билје по вкус (мирудија, магдонос, целер). Згмечете го зеленчукот да пушти сок. Додајте малку лимонов сок. По желба, за да постигнете пикантност, во салатата можете да додадете изгмечено чешне лук. Зачинете со мала количина растително масло (особено се препорачува ленено или маслиново).

Не треба да ја посолувате салатата. Ако не можете да се откажете од солениот вкус, користете соја-сос, кој содржи одредена количина на сол и го подобрува вкусот на храната, а има високи нутритивни вредности и не е штетен по здравјето.

Посна крем-салата: Идеално јадење што може да го замени главниот оброк, а се приготвува за помалку од 5 минути
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.