Руската салата е минато: Гоца Божиновска сподели рецепт за салата која се подготвува за кратко време и оди со сè (рецепт)

Идеална за празниците!

Рецепт за брза салата која ги воодушеви сите…

Семејството на Гордана Гоца Божиновска од година во година е се побројно, а ако се семе предвид дека сите живеат под еден кров не е ни изненадување што пејачката секое слободно време го користи да биде во кујна.

Но Божиновска не се жали за тоа, бидејќи како што многу пати изјавила ужива во подготовката на оброци и специјалитети за семејството. Дека тоа е така докажа и неодамна во ТВ гостување, односно кога медиумска екипа ја посети во нејзиниот дом и тоа за време на подготовката на одличен деликатес за овој период од годината.

Recept Goce Božinovske svet portal svet

Како предјадење, пејачката подготви салата од целер и јаболка со пршута, кулен, која според нејзините гости е совршена за мезе, но одлично би одговарала и со некое печење.

Салатата од целер и јаболка лесно се подготвува, вкусна е, но и здрава. Состојките за подготовка се секогаш достапни и не чинат многу, па затоа оваа салата е идеална за сите оние кои сакаат вкусен и здрав додаток на главното јадење.

Состојки:
4 јаболки
1 целер
2 моркова
2 лажици мелени ореви
1 лажица исечкани листови од целер
2 лажици кисела павлака
сок од лимон

Подготовка:
Во длабок сад изрендајте ги добро измиените јаболки и моркови. Потоа додадете ги сечканите листови целер, мелените ореви, киселата павлака и лимоновиот сок. Зачинете по вкус со сол и бибер.

За да го добиете вистинскиот вкус, откако ќе ги измешате сите состојки оставете ја салатата да отстои во фрижидер.

Добар апетит!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.