Фритери од тиквички, компири и сирење: Брзо за правење, а лесно и за јадење (рецепт)

Мераци на душичката...

Убавина…

Фритрите се едно од најдобрите јадења во кои можете да го камуфлирате зеленчукот, а денес имаме одличен рецепт од тиквички, компири и сирење.

Состојки:
Фритери
250 г. тиквички
250 г. компири
200 г. сирење
1 чешне лук
1 јајце
6 лажици презла
⅛ лажичка сол
малку бибер

дополнително
лебни трошки за виткање

Подготовка:
1-Изрендајте тиквички, компири и сирење
Тиквичките измијте ги, исушете ги и изрендајте ги, а компирите излупете ги, измијте ги, исушете ги и изрендајте ги. Измешајте ги тиквичките и компирите, додадете прстофат сол и оставете да отстои 10 минути.

Потоа изрендајте го сирењето, а пред да го додадете во тиквичките и компирите, добро исцедете ги во раце да се ослободи вишокот вода и вратете ги во садот.

2-Зачинете
Додадете издробен лук, прстофат сол, малку бибер и едно јајце и сè добро измешајте. Потоа додадете ја презлата, измешајте со рацеи формирајте ја смесата во топчиња.

3-Формирајте и печете
Топчињата извалкајте ги во презла и обликувајте ги за пржење. Пржете ги на врело масло до пет минути од секоја страна. Кога ќе се испржат, оставете ги малку да одморат на салфетка и послужете ги со сосот по избор.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.