Момче запроси девојка на концерт на Дино Мерлин: Му паднала во прегратка кога го видела прстенот!

Слатко...

По четири извонредни концерти одржани во Белград, легендарниот Дино Мерлин ја продолжи турнејата во Загреб, каде веќе одржа два од предвидените четири концерти, а во текот на втората вечер се случил прекрасен момент кој ја остави публиката без зборови.

Иако е познат по љубовните и емотивни песни, мора да признаеме дека одамна не се случило некој јавно да ја запроси својата избраничка на негов концерт.

Имено, еден млад дечко од публиката реши да ја запроси својата поубава половина на вториот концерт на Мерлин, за време на песната „Deset mlađa“.

Во ритамот на песната, младиот човек клекнал, а видно изненадената девојка „паднала“ во прегратките на својот сакан. Потоа таа станала, а младиот човек го извадил прстенот и и го ставил на раката.

Публиката едногласно ги пеела стиховите „Ostavi me sutra il’ nekog novog jutra“, не сфаќајќи дека се сведоци на интимен чин на вљубена двојка. Освен неколкумина, кои биле во непосредна близина и го снимија тој емотивен момент.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.