Рецепт за смуди кое е вистинска енергетска бомба, го забрзува метаболизмот и ќе ви помогне да ги стопите масните наслаги
Потребни состојки:
- 100 грама кељ
- 1 авокадо
- 1 јаболко
- 1 банана
- 100 грама млад спанаќ
- 2 децилитри зелен чај
Приготвување:
Најпрво сварете го зелениот чај без шеќер и оставете го да се излади. Исчистете го и исечкајте го овошјето и зеленчукот и ставете ги во блендер. Ставете половина од зелениот чај и блендајте. Ако смудито ви е премногу густо, додајте го остатокот од чајот.
Започнете го денот на здрав начин со една чаша од ова смуди.