Погачи полнети со кајмак: Најмекото печиво на светот!

Задолжително пробајте!

Ова печиво ќе стане специјалитет во вашиот дом

Состојки:
  • 200 милилитри млеко
  • 450 грама брашно
  • 1 јајце
  • 50 грама стопен путер
  • 20 грама квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол

За филот

  • 200 грама сирење
  • 1 лажица кајмак или павлака
  • 1 белка

За премачкување

  • 1 жолчка

Приготвување:

Стопете го квасецот со шеќер во млако млеко, додајте јајце, стопен путер, брашно и сол и замесете тесто. Оставете го покриено 30 минути да нарасне. Во сирењето додајте кајмак или 1 лажица павлака и белка и изедначете.

Развлечете го тестото на пола сантиметар, исечете го на квадрати, додајте лажица сирење и свиткајте ги рабовите од сите страни, превртете го топчето наопаку и ставете го во подмачкан тркалезен плех или калап за куглоф. Оставете го 20 минути да одмори, па печете го на 200 степени Целзиусови околу 30-40 минути.

Извор: Kod bake u gostima

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.