Пудинг Валдорф: Луксузен десерт што се служел на Титаник!

Од менито на најпознатиот брод

ФОТО: Shutterstock

Вкусот на јаболко, ѓумбир и ванила ќе ве воодушеви!

Состојки:
  • 2 кисели јаболка
  • 4 жолчки
  • 500 милилитри млеко
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 80 грама суво грозје
  • 160 грама шеќер
  • 1 лимон
  • 1 лажица путер
  • 1 мускатно оревче
  • 1 лажица екстракт од ванила
Приготвување:

Излупете ги јаболката, преполовете ги и исчистете ги од семки, па исечете ги на парчиња. Во садот со исечените јаболка додајте суво грозје и прелејте го сето тоа со сок од лимон. Додајте и ѓумбир.

Во тавче со растопен путер кратко пропржете ги јаболката, сувото грозје и додајте две лажици шеќер. Смесата од тавчето префрлете ја во поголем длабок сад. Додајте рендано мускатно оревче. Сварете го млекото и преостанатиот шеќер. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете го од шпорет.

Матејќи со миксер, во садот со млекото додајте жолчки и екстракт од ванила. Со оваа смеса прелејте ги јаболката и сувото грозје, па печете 40 минути на 200 степени.

Пудингот Валдорф е готов! Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.