Одлични се за појадок, како предјадење или вечера: Пробајте мафини со шунка и сирење!

Добра храна

Солени мафини

Состојки:
  • 4 јајца
  • 200 мл масло
  • 400 мл млеко
  • 20 лажици пченкарно брашно
  • 20 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 10 лажици палента
  • 15 г прашок за печиво
  • 300 г фета сирење
  • 150 г шунка
  • 1/2 црвена пиперка
  • сусам
  • сол

Приготвување:

1. Во сад се поврзуваат јајцата, маслото и млекото, па се матат со миксер.

2. Посебно се поврзуваат палентата, пченкарното брашно и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со прашокот за печиво.

3. Мешавината од сувите состојки постепено се додава во течните состојки, со непрекинато матење со миксер, додека се добие изедначена смеса. Се посолува по вкус.

4. Шунката и црвената пиперка се сечкаат на коцки и се додаваат во смесата. На крајот се додава дробеното сирење и полека се меша.

5. Калапот за мафини се обложува со хартиени кошнички и во нив се разлева приготвената смеса, до 3/4 од кошничката, бидејќи смесата во текот на печењето ќе нарасне. Одозгора се посипуваат со сусам и се печат во загреана рерна на 180°Ц, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Кремаста и вкусна: Пригответе ја омилената компир-салата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.