Ги паметиме нашите хероини: Специјално признание за сите медицински сестри кои несебично се жртвуваат во битката со пандемијата

У&З хероини

Во тешките времиња се откриваат хероите!

Доделувањето на наградите во изборот U&Z Influencer Awards официјално започна со специјалното признание U&Z Heroini, кое го доделува редакцијата на магазинот „Убавина и здравје“.

Хероина или жена-херој, жена што не’ инспирира да бидеме подготвени за поголеми дела од оние на кои сме навикнале да ги правиме во зоната на комфорот.

Медицинските сестри кои несебично се даваат себеси во битката со пандемијата се нашите хероини, кои секогаш ќе ги паметиме и на кои сме им неизмерно благодарни.

Испраќаме поддршка до сите медицински сестри преку Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.  Презентер на специјалното признание е Јована Стојменовиќ, главна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, а признанието го прими претседателката на Унијата на ЗМСТАС: м-р Гордана Бешлиовска. 

Вие сте наши хероини! Ви благодариме!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.