Неодоливи залачиња: Нема да можете да изедете само едно од овие пармезан-топчиња!

Лапни голтни!

Пармезан-топчиња што ќе ве воодушеват со својот вкус

Состојки:
  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 лажиче сол
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 60 г растопен путер
  • околу 200 мл млеко
  • 200 г крем-сирење
  • 1 јајце + 1 јајце за премачкување
  • 2 лажици рендан пармезан

Приготвување:

1. Квасецот се мати во половина шолјичка топло млеко заедно со едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Се чека квасецот да се активира.

2. Во друг сад се ставаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и сол, се додаваат приготвениот квасец, растопениот путер и јајцето, па со преостанатото млеко се замесува мазно тесто. По потреба се додава уште малку екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ или течност.

3. Тестото се покрива и се остава да одмора околу 20 минути. Се дели на осум дела и од секој дел се обликува топче.

4. Топчињата малку се истенчуваат со дланката и на средината на секое се става лажиче крем-сирење. Се собираат краевите на тестото и добро се затвораат.

5. Наполнетите топчиња се редат во подмачкан калап за венец. Тестото се премачкува со изматено јајце и се посипува со рендан пармезан. Се остава да одмора уште десетина минути, додека се загрее рерната, а потоа плехот се става во неа.

6. Топчињата се печат на 200°Ц, околу 30 минути, додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.