Доделување на престижните награди на каналот Е!: Доминација на дамите во црвено (ФОТО)

Победниците се прогласени

Народот го кажа своето, а каналот Е! ги прослави најдобрите во областа на филмот, телевизијата, музиката и поп-културата, кои беа избрани исклучиво од страна на обожавателите во текот на третото по ред гласање за доделувањето на E! People’s Choice Awards, кои на 15 ноември ги водеше одличната Деми Ловато со пренос во живо од Баркер Хангар, Санта Моника (Калифорнија) на каналот Е!.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Оваа година, Е! ѝ одаде посебно признание на моќната личност во светот на забавата, Џенифер Лопез, доделувајќи ѝ ја наградата за „икона на годината“ – The People’s Icon Award.

 

Поради пандемијата на коронавирусот, овој пат наградите беа доделени без присуство на публика и во согласност со пропишаните мерки за социјална дистанца.

Познатиот продуцент, бизнисмен и филантроп Тајлер Пери ја освои наградата „шампион на годината“ – The People’s Champion Award; а наградуваната актерка, продуцентка и бизнис-дама Трејси Ели Рос ја освои наградата за „модна икона“ – The Fashion Icon Award.

Во текот на доделувањето во живо настапија Џастин Бибер, а потоа и Клои и Хале.

https://www.youtube.com/watch?v=KAlSY5MPlkU&feature=emb_logo

Видео: Youtube

Фото: Instagram, Getty Images, E! Entertainment / NBCU

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.