Најдобрата чорба за слабеење што ќе ве згрее и засити: Свежа зелка со зеленчук

Вкусен оброк

Пригответе вкусна и здрава чорба

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 моркова
  • 1/4 корен од целер
  • 150 г црвени пиперки
  • 1 средна главица свежа зелка
  • 1 лажица пипер
  • 300 мл доматен сок
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 2 лаврови листа
  • црн пипер
  • масло
  • сол
Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцкички, морковите се лупат и се сечат на крукчиња, а коренот целер крупно се ренда.

2. Зелката се чисти од надворешните листови и коренот и се сече на коцки, пиперката исто така се сече на коцки.

3. На малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите и целерот,па сето тоа заедно се пржи,со непрекинато мешање со црпалка.

4. Се додава пиперката и кратко се пржи, па се додава зелката. Се додава доматниот сок и се долева вода, да пливаат состојките. Се вари додека зелката наполу омекне, а течноста делумно изврие.

5. Се додаваат лавровиот лист, пиперот, магдоносот и зачини по желба, па се продолжува варењето додека сите состојки омекнат, а јадењето ја добие посакуваната густина.

Извор: Добра храна

Доколку сакате да ослабите, пробајте ја и оваа чорба за прочистување на телото.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.