Крцкав и сочен: Највкусниот бурек со печурки што некогаш сте го пробале!

Вкусно предјадење

Пробајте го овој деликатесен бурек

Состојки:
  • 400 г тенки кори за пита
  • 400 г шампињони
  • 2 поголеми главици црвен кромид
  • 50 мл масло
  • 3 јајца
  • 400 г павлака
  • 200 мл јогурт
  • 100 г гауда сирење
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, шампињоните се сечкаат на листови.

2. На малку масло се пржи црвениот кромид, да стане стаклест. Се додаваат шампињоните и потоа се пржат, со повремено мешање, додека изврие вишокот течност. Пред крајот на пржењето се посолува и забиберува по вкус.

3. Печурките се оставаат да се оладат, па се додаваат павлаката и јајцата.

4. Се зема тркалезен калап, со пречник 28 см. Внатрешноста на калапот се премачкува со масло и се обложува со кора за пита. Кората се прска со масло и се прекрива со друга кора. Преку двете долни кори се нанесува малку од филот од печурки и одозгора се прекрива со кора. Истата постапка на филување (кора, фил) продолжува додека се потроши приготвениот материјал, се завршува со две кори.

5. Филуваната пита накрсно се сече на триаголници, се прелева со јогурт и се наросува со рендано сирење.

6. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 40 минути.

Извор: Добра храна

Домашен деликатес: Пробајте ги овие лиснати пакетчиња со шунка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.