Познат британски астролог открива: Новата ера почнува на 21 декември и ќе трае наредните 200 години – носи огромни промени!

Пристигнуваат големи промени

Јасмин Боланд, водечки британски астролог тврди дека на 21 декември започнува нова ера, која ќе трае наредните 200 години

Јасмин Боланд тврди дека нè очекуваат многу промени на личен и глобален план, додека Јупитер поминува низ Водолија од 19 декември до 30 декември 2021 година.

Минатата година, Јупитер, планета на експанзија, беше во Јарец и носеше само ограничувања и економски колапс. Преминот во Водолија ќе го промени тоа и ќе донесе потполно поинаква енергија.

Време за нови откритија

Јупитер носи период на откритија, особено во науката и технологијата, Интернетот и дејствувањето. Наредната 2021 година ќе имаме желба да продолжиме понатаму, да си ја вратиме изгубената слобода. Заедно со овие желби, доаѓаат и незадоволствата од старите структури и застарени ставови.

Сè повеќе луѓе поинаку ќе гледаат на работите, ќе сакаат промени и многумина ќе бидат подготвени да експериментираат. Тоа значи дека ќе има и многу протести. Многумина се плашат од промени.

Револуции и разводи

Јупитер носи и масовни протести, бидејќи луѓето се фрустрирани и немирни. Можни се и земјотреси, но на личен план. Луѓето ќе менуваат работа, брачни партнери, дом…

Јупитер предизвикува среќа

Јупитер поттикнува раст и среќа. Кога ќе влезе во прогресивниот знак Водолија, во главата на луѓето ќе се свртат нови идеи. Ќе ви се прошируваат видиците. Ќе бидете охрабрени за големи дела.

Меѓутоа, со Водолија владеат Уран и Сатурн и тие ќе го попречуваат Јупитер. Уште во јануари ќе се откријат многу работи и тоа на светско ниво. Уран го претставува човештвото, а најголеми промени од 13 јануари треба да се очекуваат во светот на финансиите и ИТ-секторот. Подобро кажано – шокови!

Новата ера почнува на 21 декември и ќе трае 200 години

Јасмин Боланд вели дека 21 декември е клучен за наредните неколку години. Имено, секој премин на планетите во нов знак од зодијакот е важен, бидејќи се менува енергијата на целата планета.

Сите ќе почувствуваат промени на личен план

Преминот во Сатурн и Јупитер, двете најмоќни планети, на сите ќе им донесат промени на работа, на љубовен план, но и на целата Земја.

Јупитер и Сатурн ќе се сретнат со три воздушни знаци (Близнаци, Терезија и Водолија) и ќе донесат нова ера што ќе владее наредните 200 години. Многумина ја нарекуваат „ера на Водолијата“.

Не заборавајте дека Јупитер е радост, а Сатурн строгост и што ќе му донесе некому на личен план, зависи од местата на кои се наоѓа во наталниот хороскоп.

Влезот на Јупитер во Водолија дополнително ќе го наруши неповолниот транзит на Уран од Бик (кој инаку владее со Водолија), кој носи нагли и ненадејни промени и ги разбива калапите што ни се познати. Ова дефинитивно е време што нè предизвикува да се промениме.

Ќе има многу страв и отпор на промени

Сатурн, кој исто така е во Водолија од 17 декември, носи изобилство на стравови и отпор на промени, но со напорна работа, истрајност и планирање, може да се воспостави добра база и подлога за иднината.

Направете база за иднината, бидејќи ако ја пропуштите можноста, нема да имате нова. Ќе има и погрешни одлуки, грешки. Но не заборавајте, Водолијата ја интересира само иднината.

Водолијата ја цени индивидуалноста, интелектуалниот развој и не дозволува ограничувања. Таа е поврзана со напредната технологија и наука. Меѓутоа, со Уран, планетата на револузијата, станува без контрола. Сигурно е дека ќе видиме откритија, пронајдоци, ширење на универзумот и ќе функционираме потполно поинаку.

Покрај позитивните промени, треба да очекувате и лоши: зголемено девијантно однесување, себичност и слично. На многумина неочекувано ќе им се открие светот и ќе тргнат во друг правец. Застареноста во ставовите ќе биде надмината.

Припадниците на овој хороскопски знак имаат најнегативни мисли: Самите себеси се саботираат и затоа не се среќни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.