Фино домашно тесто: Цветна фокача

Солено печиво

Расонете се со мирисот на свежо печиво и денот нека ви почне убаво со неодоливиот вкус и арома на оваа вкусна фокача!

Состојки:

* 450 г брашно

* 20 г свеж квасец

* 1 лажиче сол

* 75 мл маслиново масло

* околу 200 мл вода

* зеленчук за декорација по желба (магдонос или власец, црвен кромид, маслинки, шери-домат, пиперки и сл.)

Приготвување:

  1. Разматете го квасецит во малку топла вода со лажиче шеќер и брашно. Оставете го на топло да нарасне.
  2. Помешатје ги брашното и солта, додајте ги приготвениот квасец, маслото и преостанатата млака вода. Замесете мазно тесто. По потреба додајте уште малку брашно или вода. Покријте го со крпа и оставете го да одмора половина час. Потоа, премесете го и оставете го уште половина час.
  3. Измијте го и исушете го магдоносот. Кромидот и маслинките исечете ги на крукчиња, пиперките на лентички, шери-доматот на половина.
  4. Истенчете го тестото во правоаголна кора. Обложете ја тепсијата со хартија за печење, па префрлете го тестото во неа и премачкајте го со масло. Распорете го зеленчукот одозгора и оставете го тестото да одмори додека се загрее рерната.
  5. Печете во загреана рерна на 200°С околу 30 минути.

Текст: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.