Доматен сок на старински начин: Совршенство од вкусови без ронка конзерванси!

Зимница

Старинскиот начин на приготвување зимница подразбира дека не се користат конзерванси

Состојки:
  • 6 кг домати
  • 2 лажици сол
  • 4 лажици шеќер
  • кромид и луто пиперче
  • целер, по вкус
Приготвување:
  • Добро измијте го доматот, исчистете го и исечете го на парчиња.
  • Сомелете го во машина за мелење домати и исцедете го со специјална цедилка.
  • Сипете го во тенџере, додајте сол и шеќер и загревајте.
  • Кога ќе зоврие, варете го уште 10-15 минути.
  • Шишињата загрејте ги во рерна, 10 минути на 100 степени Целзиусови.
  • Врелиот домат сипете го во врелите шишиња.
  • На секое шише ставете парче целофан потопено во алкохол или ракија, зацврстете го со ластиче и ставете капаче.
  • Шишињата завиткајте ги во пешкир и оставете ги 24 часа така да се оладат.
Вкусен и здрав: Сокот од домати е главен сојузник во борбата со овие 10 здравствени проблеми
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.