Зошто некои луѓе постојано се грижат за туѓите животи и осудуваат сѐ околу себе: Еве што тоа кажува за нив!

Психолозите објаснуваат

Фото: Unsplash

Кармата е моќна – постојаното осудување кога-тогаш ќе ви се удри од глава

Кога зборуваме за критикување на луѓето, постојат два вида според психолозите. Она што е природно вродено, инстинкт кој секој човек го има и она што свесно го прави, секој ден, барајќи го во луѓето околу нас само она најлошото.

Сигурно некогаш сте се фатиле себеси како критикувате некого и основате мислење врз основа на само една ситуација. Овој пример одлично го покажува тоа:

Замислете си дека одите на семеен одмор и додека го чекате вашиот лет на аеродром, забележувате жена со мало дете. Детето е немирно и прави хаос на терминалот. Првата мисла што ви паѓа на памет е дека мајката нема доволно авторитет за да го контролира детето. Тогаш забележувате дека облеката на детето е извалкана со храна и дека му е премала. Вие сѐ уште не сте свесни за тоа, но веќе сте ги забележале сите недостатоци на овие луѓе. И сега се прашувате како воопшто можат да си го дозволат овој лет ако немаат доволно пари ни за облека.

Јасно ви е колку е лесно да осудите некого? Не се познавате со оваа жена и не знаете ништо за нејзиниот живот, но тоа не ве спречило да донесувате заклучоци само врз основа на тоа што сте го виделе неколку минути и сте биле заедно на истиот терминал.

Следново прашање гарантирано го спречува озборувањето: Дали сте доволно храбри за да си го поставите?

Критикувањето други луѓе е толку лесно што многумина не ни знаат дека го прават тоа. Ова е својствено за сите луѓе, тоа се вродените инстинкти за преживување. Според психолозите, токму тие инстинкти ни помагаат да бидеме будни и да бидеме подготвени да се одбраниме себеси во секоја ситуација.

Ова е единствениот пример во кој психолозите наоѓаат оправдување за критикувањето на другите. Од друга страна, постојат луѓе кои свесни ги критикуваат другите и го бараат само најлошото во нив.

Во тој случај, проблемот се крие длабоко во нив. Проблемите поврзани со длабока несреќа, недостиг на самодоверба или едноставно вишок слободно време.

Ниту една исполнета и среќна личност не се занимава со туѓите животи. Тоа го прават само оние што не успеале да си го организираат сопствениот живот, па полесно им е да ги критикуваат другите, бидејќи така забораваат на хаосот што владее во нивниот живот.

Во суштина, ваквите луѓе кријат во себе големи фрустрации и незадоволство. Кога ги озборуваат другите луѓе, тоа го прават за да се чувствуваат подобро. Кога луѓето се незадоволни, наоѓаат мани кај другите, убедувајќи се себеси дека се подобри.

По некои време, осудувањето станува навика и дел од животот, а тоа сигурно доведува кон уште подлабоко чувство на незадоволство.

Единствениот лек за овие луѓе е лечењето на нивните комплекси и причини за несреќа. Меѓутоа, најголемиот проблем е тоа што тие никогаш нема да си го признаат тоа, па најверојатно никогаш нема ни да се излечат…

Работи што не треба да ги правите ако сакате здрав однос со себе и другите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.