За вистински гурмани: Јагнешко под сач

Готвиме со Бранко

Јадење што ќе ве воодушеви со својот вкус

Бранко Попоски обожава да готви во природа, а неговите јадења секогаш воодушевуваат со нивниот вкус и оригиналност! Побарајте ги неговите рецепти на инстаграм-профилот @cookingwithbranko.

Состојки:
  • 5 кг јагнешко месо
  • 2 главици кромид
  • 5 парчиња лук
  • 5 листови лавров лист
  • 5 свежи моркови
  • коријандер
  • рузмарин
  • мајчина душица
  • маслиново масло
  • 200 мл бело вино
  • 100 мл црвено вино
  • 100 мл пиво

Приготвување:

1. Измешајте маслиново масло, рузмарин, мајчина душица, 200 мл бело вино и коријандер. Со оваа смеса премачкајте го целото месо, па покријте го со најлонска фолија и оставете да отстои околу 10 часа во фрижидер до следното утро кога ќе треба да се пече.

2. Следното утро, ставете ги во тепсијата и преостанатите состојки. Исечкајте го кромидот на парчиња, заедно со лукот и морковите, а лавровите листови додајте ги на неколку места на средина од месото. На крај, прелејте го месото со црвено вино.

3. Ставете го сачот/вршникот на претходно загреан оган за да ја достигне потребната температура.

4. Ставете ја тепсијата со јагнешкото месо на пиростијата, под тепсијата ставете жар и покријте ја со сачот кој веќе достигнал одредена температура.

5. Над самиот сач, ставете и жарчиња, за температурата горе и долу под тепсијата да биде рамномерна.

6. На одреден период од 15-20 минути проверувајте како се пече месото и дали температурата е соодветна. Мора да ја одржувате температурата на сачот 2 до 3 часа, сè додека не се испече месото.

7. Петнаесеттина минути пред да го извадите месото, прелејте го со малку пиво за да добие крцкава кора и да се збогати вкусот. На здравје!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.