Рецепт на Теодора Георгиевска
Теодора Георгиевска секогаш не’ изненадува со вкусни и хранливи рецепти. Нејзиниот инстаграм-профил @gotvime.so.tea е вистинска инспирација!
Состојки:
- 300 г свежи печурки
- 3-4 моркови со средна големина
- 2 компири со средна големина
- 1 поголем кромид
- 3-4 чешниња лук
- 100 мл павлака за готвење
- 500 мл вода
- магдонос по желба
- мешан сув зеленчук по желба
- сол и црн пипер
- масло
Приготвување:
1. Потребни состојки за крем-супата
2. Исечкајте ги сите состојки на ситни парчиња
3. Во загреано масло, пржете ги прво кромидот и лукот, па додајте ги и печурките
4. Измешајте ја сварената супа со рачен блендер. По желба, крем-супата од печурки можете да ја послужите во убаво издлабено лепче.
Добар апетит!
Извор: Добра храна