Вкусот на Израел: Пригответе тажин!

Оваа земја ја населиле доселеници од над 70 земји, а секој од нив со себе ги понел рецептите од својот крај. Замислете го само гастрономското богатство на оваа разновидна кујна!

Дали знаете дека во Израел сите активности прекинуваат од петок попладне до сабота навечер, па тогаш се готват јадења што се вкусни и следниот ден или такви за кои можат да се приготват состојките, а да се соединат и испечат или сварат во сабота?

Тажин за 4 лица

Потребни состојки: 1,5 кг јагнешко месо (сечкано на парчиња), 1 главичка кромид (ситно сечкан), 400 г ориз, сол и црн пипер, 1 кесичка цимет, 1-2 лажички сладок црвен пипер, 1 кесе ѓумбир во прав, ¼ кесичка ким, сечкан лист од магдонос, шафран, неколку ливчиња свежо нане, 2 чешниња лук, 50 г суви кајсии, 50 г суви сливи, 50 г суви смокви, 100 г суво грозје, 1 лажичка мед, сок од портокал, 2 дл вода, 0,5 дл масло

Приготвување: Во поголема чинија соединете ги јагнешкото, сол, црн пипер, цимет, шафран, ѓумбир, ким и сладок пипер. Додајте масло, и добро измешајте. Во земјен лонец наредете ред кромид, ред месо, па повторно кромид. Додајте ливчиња свежо нане, лук и магдонос. Налејте 1 дл вода. Варете на умерен оган 2-3 часа додека да омекне месото. Проварете 1 дл вода, сок од портокал, суво грозје, кајсии, смокви, сливи и мед. Оставете сосот да се излади. Сварете го оризот. Во овална тава сервирајте го оризот, потоа јагнешкото и на крај полијте со сосот од суво овошје. Украсете со нане.

 Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.