Честит Велигден! Како до креативна велигденска трпеза

Совети

За атмосферата секако се најважни личните чувства и семејството, но секако за севкупниот впечаток ќе придонесе идекорацијата во домот.

Ви претставуваме неколку совети за украсување на вашата велигденска трпеза.

БОИ на велигденската трпеза најчесто најмногу ѝ се радуваат децата, па затоа ќе се потрудиме на масата да има „огномет од бои“. Но за да не биде „циркус“ првата асоцијација при поглед на масата, потребно е да внесеме одредена доза на елеганција, така што за основа ќе искористиме светла и неутрална боја (најдобро бела) – за чаршав и за садови, а потоа ќе ја пополниме белината со шарени јајца, салфетки и храна во разни бои…

ЦВЕЌЕ Не заборавајте го цвеќето. Велигденските празници воедно го означуваат доаѓањето на пролетта, време на изобилие и на цутење, па на масата нека се најдат и неколку букети свежо сезонско цвеќе.

ХРАНА Нека биде едноставна и не многу тешка. Ова правило особено важи доколку сте постеле пред големиот празник, па првиот „мрсен“ оброк не треба да биде претежок. На гурманите ќе им се допаднат мафините од палента, додека, пак, оние што сакаат да експериментираат со храната им препорачуваме рецепт со похувано фета-сирење. Честит Велигден!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.