РЕЦЕПТ: Велигденски зајачиња

За весела и вкусна велигденска трпеза!

Ви претставуваме рецепт на кој сме сигурни дека најмногу ќе му се израдуваат најмладите членови на семејството! Пробајте го!

Состојки:

600 г брашно

1 шолја масло од  0.75 дл

25 г свеж квасец

4 јајца (две варени, едно за тестото и едно за премачкување, се користи само жолчката)

3 дл млеко

сусам

1 лажиче сол

црн пипер

чепкалки

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Во брашното се додаваат квасецот растопен во малку млеко, едно јајце, маслото, млакото млеко, солта и се замесува меко тесто. Тестото се дели на два дела.

Се обликуваат главата и телото на зајачето. Се прават нозете на зајачето, а на средина се прави влабнатина за да се стават вапсаните јајца, кои се покриваат со мрежичка од тесто. Потоа се прават топчиња за рацете, носот и за ушите на зајачето. Во еден дел се става прехранбена црвена боја и се прави панделката.

Очите на зајачето се прават со малку црвено тесто и на средина се става црн пипер. Наместо мустаќи се става чепкалки. Носот од зајачето се обележува со црн пипер.

Од ова тесто се прават две зајачиња. Зајачињата се мачкаат со жолчка и се посипуваат со сусам. Треба да нараснат само 10 минути, за да не се расипе обликот, и се печат 20 минути на 200 степени.

Текст: Добра храна

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.