Вкусно и крцкаво: Пилешки полпети

Ручек за паметење

Најмалите ќе ги обожаваат овие пилешки полпети, но и вие нема да можете да им одолеете

Состојки:
  • 500 г пилешко бело месо
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 помала тиквичка
  • 60 г дехидрирани снегулки од компир (смеса за инстант пире)
  • 1 лажиче мелен пипер
  • 40 г пармезан
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцкички, лукот се пасира.

2. Тиквичката се лупи и крупно се ренда, но не се цеди од течноста.

3. Пилешкото месо се ситни во блендер или се меле на машина за мелење месо.

4. Во сад се соединуваат меленото пилешко месо, исечениот кромид и лукот, ренданата тиквичка, дехидрираните компирови снегулки, мелениот пипер, пармезанот и зачини по желба. Состојките со рака се месат да се добие уедначена смеса погодна за обликување. Се остава да отстои во фрижидер 60 мин.

5. Потоа, со намрсени раце се обликуваат ќофтиња и се пржат на врело масло од двете страни додека поруменат. Се послужуваат со печен компир и сезонска салата.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.