Највкусното празнично предјадење: Редена салата

Пробајте

Салата достојна за празнична трпеза!

Состојки:
  • 1/2 помала зелена салата марула
  • 3 средни моркови
  • 3 средни компири
  • 150 г шунка
  • 70 г пченка
  • 3 јајца

За премачкување:

  • 200 мл павлака
  • 100 мл крем-сирење
  • 200 мл мајонез
  • 2 чешниња лук
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Марулата се чисти од надворешните листови и се сече на покрупни коцки.

2. Компирите се варат сосе лушпата, а потоа се лупат и крупно се рендаат. Морковите се лупат и се варат, па и тие крупно се рендаат.

3. Јајцата се варат, а потоа се лупат и крупно се рендаат, шунката исто така се ренда крупно.

4. Посебно се матат павлаката, мајонезот, крем-сирењето и пасираниот лук. Се додаваат сол и црн пипер по желба.

5. Се подготвува овален стаклен сад, па дното се прекрива со сечканата салата. Се премачкува малку со преливот, па се нанесуваат ренданите моркови. Се распоредуваат неколку лажици од преливот, па се додава пченката. Се премачкува и се нанесува компирот. Преку него се става прелив и се посипува со шунка.

6. Се завршува со преливот, одозгора се редат ренданите јајца и се декорира по желба. Се остава на ладно да се зацврсне.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.