Вкусен и здрав ручек полн со витамини: Пригответе полнети пиперки во павлака!

Главно јадење

Полнетите пиперки можете да ги печете и во малку поредок сос од домати

Состојки:
  • 8 жолти пиперки
  • 1 среден кромид
  • 600 г мешано мелено месо
  • 1 поголем морков
  • 120 г ориз
  • 1 лажица буковец
  • црн пипер
  • 600 мл павлака за готвење
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Пиперките се мијат, се засекуваат и се чистат од семките и дршките.

2. Кромидот се лупи и се сечка на коцки, морковот се ренда крупно.

3. Во сад се мешаат меленото месо, кромидот, ренданиот морков, оризот, буковецот, црниот пипер и солта. Добро се меша со рака, да се распоредат состојките рамномерно.

4. Се полнат пиперките со приготвената смеса. Се редат во намрсен земјен сад и се прелеваат со павлаката за готвење. Се покриваат со фолија и се печат во загреана рерна на 200°Ц, околу 30 минути. Потоа се отстранува фолијата и се продолжува со печењето, додека пиперките омекнат и заруменат, а киселата павлака ја постигне посакуваната густина.

Извор: Добра храна

Месен деликатес: Пробајте полнета штрудла со мелено месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.