Месен деликатес: Пробајте полнета штрудла со мелено месо

Главни јадења

Покрај мисиркино, за приготвување на штрудлата можете да користите и друг вид мелено месо

Состојки:

За штрудлата:

  • 800 г мелено мисиркино месо
  • 2 јајца
  • 100 г лебни трошки
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажиче пипер
  • црн пипер
  • сол

За полнење:

  • 100 г месеста сланина во листови
  • 100 г крем-сирење
  • 100 г кашкавал гауда во листови
  • 3 јајца

Приготвување:

1. Прво се приготвува месната подлога. Во сад се мешаат меленото мисиркино месо, ситно исечканиот кромид, пасираниот лук, лебните трошки, јајцата, црвениот и црниот пипер и солта. Добро се меша со рака, да се добие еднолична смеса.

2. Тесен правоаголен калап се обложува со хартија за печење. Дното и страните на калапот се премачкуваат со смесата од месото, така што средниот дел ќе остане празен.

3. Потоа средниот дел од месото се прекрива со ливчињата сланина, преку тоа се нанесува крем-сирењето, се прекрива со листовите од кашкавалот и се ставаат трите јајца.

4. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 50 минути. Печената штрудла се остава да се олади, а потоа се вади од калапот и се сече на плочки.

Извор: Добра храна

Свински медалјони во вино: Пригответе гозба за врвно гурманско уживање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.