Вкусен и топол ручек: Јунешки гулаш со компири

Пробајте!

Топол чорбест оброк што добро ќе ви дојде во студените зимски денови

Потребни состојки:
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 400 грама шампињони
  • 500 грама јунешко месо
  • 1 компир
  • масло
  • сол, магдонос, бибер, ловоров лист, босилек
  • црвена пиперка
Приготвување:

Во тенџере ставете малку масло и издинстајте го кромидот. Потоа, додајте ги шампињоните и морковите. Кога ќе се продинстаат малку, ставете го и месото и измешајте. Додајте зачини. По неколку минути, додајте го и компирот исечен на коцки. Прелијте со вода и оставете го да се крчка околу час и половина. Ако готвите во експрес лонец, би требало да биде  готово за час и половина.

Во помало тенџере, ставете малку масло, загрејте, па додајте брашно и црвена пиперка и направете запршка. Ставете ја запршката во тенџерето кога месото и зеленчукот ќе бидат готови. Загревајте со запршката уште 5 минути, а потоа јадењето ќе биде спремно за послужување. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.