Вкус што ќе ве распамети: Крцкави пилешки крилца со пармезан, путер и лук

Ќе се воодушевите!

Крцкавото и вкусно пилешко секогаш е одличен избор за ручек, а овој рецепт за пилешки крилца ќе ви стане омилен

Потребни состојки:
  • 450 грама пилешки крилца
  • 50 милилитри сончогледово масло
  • 100 грама растопен путер
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажици исечкан магдонос
  • 70 грама изрендан пармезан
  • 1 лажичка мелена црвена пиперка
  • сол
  • бибер

Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
  • Прелијте ги крилцата со масло, посолете ги и зачинете ги со бибер.
  • Печете ги околу 50 минути. Готови се кога ќе добијат златна боја и ќе станат крцкави.
  • Во сад измешајте ги растопениот путер, исечканиот лук, магдоносот, пармезанот и црвената пиперка.
  • Потопете ги крилцата во приготвениот сос и вратете ги во рерна уште неколку минути.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.