Кремава рапсодија на вкусови: Оваа салата од печени пиперки е совршен прилог за ручек

Вкус што не се заборава

Мора да го пробате овој рецепт, сигурни сме дека целото ваше семејство ќе ужива

Потребни состојки:
  • 300 грама печени црвени пиперки
  • 100 грама праз или млад лук
  • 250 грама сирење
  • сол
  • мелен бибер
Приготвување:
  • Исечкајте ја печената и исчистената пиперка и ставете ја во чинија.
  • Исечкајте го празот на крукчиња и додајте го во чинијата со пиперката.
  • Додајте го сирењето и зачинете по вкус.
  • Сето тоа добро измешајте го.
  • Добро изладете ја во фрижидер пред да ја послужите.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.