Тестенини со брокули и туна: Сигурни сме дека не сте пробале повкусни!

Ќе се воодушевите!

Тестенините со вкусен сос се секогаш добар избор за ручек

Овој рецепт е идеален, бидејќи брзо се приготвува, а многу е вкусен.

Потребни состојки:
  • 400 грама кратки тестенини (пене)
  • 1 парче брокули
  • 160 грама туна од конзерва
  • 2 чешниња лук
  • 50 грама рендан кашкавал
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • сол
  • бибер

Приготвување:
  • Измијте ги брокулите, раздвојте ги на цветови и сварете ги на пареа (околу 7-8 минути)
  • Исцедете ја туната, исечкајте го лукот на листови.
  • Во поголем лонец ставете вода, а кога водата ќе зоврие, ставете лажичка сол, па додајте ги тестенините за да се сварат.
  • Сварете ги според упатствата на пакувањето на тестенините што ги користите.
  • Загрејте подлабоко тавче, додајте маслиново масло и исечкан лук на листови, а по една минута додајте ги и сварените брокули, малку посолете, ставете бибер, па прелијте со лимонов сок.
  • Додајте ја исцедената туна и внимателно промешајте со лажица.
  • Прелијте со малку од водата во која се вареле тестенините.
  • Исцедете ги сварените тестенини, оставете околу 100 милилитри од водата во која се вареле, па додајте ги тестенините во тавчето со брокули и туна.
  • Измешајте, па прелијте со водата од варењето и додајте половина од ренданиот кашкавал.
  • Послужете ги топли, наросени со остатокот од ренданиот кашкавал.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.