Специјалитетот е фантастична идеја за појадок, ручек и вечера: Коцките со месо ќе ви станат ново омилено јадење (РЕЦЕПТ/ВИДЕО)

Рецепт

Совршена идеја ако не знаете што да зготвите
утре.

Од кујната на нашите баби ни доаѓа еден совршен специјалитет. Воодушевете ги домашните со вкусни коцки со месо приготвени за многу брзо време.

Состојки:

250 г мелено месо

100 г сува сечкана сланина

масло

1 главица кромид

4 чешниња лук

1 пиперка

бибер, сол

100 г сарен ориз

200 г попарени листови блитва

200 мл јогурт

200 г кисела павлака

3 јајца

кашкавал

Приготвување:

Кромидот ситно да го исечкате, па пропржете го во масло, додајте сечкана сланина и мелено месо, сол, бибер, пиперка, можеби малку магдонос, сечкан лук. Листовите блитва добро измијте ги и отстранете им ги коренот, па прелијте ги со топла вода за да омекнат.

Дното на плехот малку намачкајте го со масло и на средина наредете половина од листовите, ставете го меленото месо, па покријте го со остатокот од листовите. Исечете на коцки со нож.

Скршете ги и изматете ги јајцата во сад, додајте јогурт, павлака, па истурете врз блитвата и добро протресете го тавчето за да се распореди смесата до дното. Одозгора изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 40 мин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.