Штрудла од месо во 6 едноставни чекори: Вкусот ќе ве распамети!

Ќе се воодушевите!

Овој меснат специјалитет ќе ве воодушеви, а може и да го замрзнете, суров или печен

Ако ја замрзнувате штрудлата сурова, немојте да ја одмрзнувате пред да ја печењето, туку печете ја два пати повеќе одошто е предвидено со рецептот.

Потребни состојки:
  • 700 грама месо по избор (мелено јунешко, мисиркино или свинско)
  • 1 шолја лебни трошки или булгур
  • 1-2 шолји зеленчук по избор (одберете изрендани моркови, исечкан спанаќ, исечкана блитва или кељ, ситно сечкана пиперка, тенко исечкани шампињони, изрендани и исцедени тиквички или ситно исечкан корен од целер)
  • половина шолја додаток по избор (одберете две состојки од следниве: грозје, исечкан сушен домат, исечкана панчета, кисели краставички, исечкани феферонки, исечкани ореви, исечкани црвени печени пиперки, изрендано сирење)
  • 1 шолја рендан кромид
  • ¼ шолја кечап
  • 2 лажици исечкани зачински билки (магдонос, власец, босилек и мајчина душица)
  • 2 јајца
  • 1 лажица сос ворчестер
  • 1 мелено чешне лук
  • 1 ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови. Во голем сад ставете го меленото месо што сте го одбрале или измешајте два вида месо. Во садот со месото, додајте лебни трошки или булгур. Во садот ставете го и зеленчукот што сте го одбрале. Додајте половина шолја од најмногу два додатока. Во истиот сад додајте шолја изрендан кромид, кечап, билни зачини, јајца, сос ворчестер, лук, сол и бибер.

Со раце, добро измешајте го сето тоа, додека смесата не стане изедначена. Формирајте ја во штрудла на хартија за печење. По желба, покријте ја со тенки парчиња панчета и печете ја додека не биде готова до половина, отприлика половина час.

Пригответе ја глазурата.

Класична:
  • Измешајте четвртина шолја кечап, две лажички кафеав шеќер и лажичка сос ворчестер.

или

  • Измешајте четвртина шолја кечап, лажица оцет балсамико, две лажички кафеав шеќер, изрендано чепне лук и половина лажичка мешавина од зачини.
Ориентална:
  • Измешајте четвртина шолја кечап, две лажици џем од кајсија, две лажички сос соја, лажичка оризов оцет (може и лимонов сок) и лажичка мелен ѓумбир.

Премачкајте ја штрудлата од месо со глазурата и продолжете да ја печете уште 25 минути. Оставете ја да отстои 10 минути пред да ја послужите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.