Пијан десерт: Вкусни крофни со ракија и суво грозје

Ќе ве освојат!

Вкусот на овие крофни нема да ве остави рамнодушни

Потребни состојки (за 20 крофнички):
  • 75 грама суво грозје
  • 4 лажици ракија
  • 500 грама брашно
  • прстофат сол
  • 1 коцка свеж квасец
  • 75 грама шеќер
  • 250 милилитри млеко
  • 75 грама путер
  • 1 литар масло
  • шеќер во прав за наросување

Приготвување:
  • Потопете го сувото грозје во ракија и оставете го половина час за да омекне.
  • Просејте го брашното во сад, измешајте го со сол, па во средина направете вдлабнатина во која ќе го ставите квасецот што претходно сте го изматиле со две лажици шеќер и 4 лажици млако млеко.
  • Покријте го садот со крпа и почекајте триесетина минути додека не запени квасецот.
  • За тоа време, стопете го путерот и оставете го да се излади.
  • Во садот со брашно и квасец, додајте го остатокот од шеќерот и млекото, стопениот путер и сувото грозје, па замесете меко тесто.
  • Во подлабоко тенџере загрејте масло.
  • Проверете дали маслото е доволно врело со тоа што ќе потопите дршка од лажица во тенџерето, па ако околу неа се создадат меурчиња, може да почнете со пржење.
  • Спуштајте го нараснатото тесто со лажица во врелото масло и пржете ги топчињата 4-5 минути, со тоа што постојано ќе ги вртите додека не заруменат на сите страни.
  • Вадете ги пржените крофнички со лажица со дупки на кујнска крпа или салвета и оставете ги да се исцедат.
  • Наросете ги со шеќер во прав и послужете ги топли.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.