Ручек за денес: Спанаќ со топено сирење, совршено јадење од рерна!

Пробајте!

Едно од највкусните јадења од спанаќ, го сакаат дури и оние што одбегнуваат да јадат зеленчук

Состојки:
  • 1 кг спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 150 мл павлака
  • 150 г кашкавал
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Измијте го и исечкајте го спанаќот, исечкајте ги кромидот и лукот. Во тенџере загрејте масло и во него испржете ги кромидот и лукот, додајте го спанаќот и динстајте додека спанаќот ја промени бојата. Тргнете го капакот и почекајте течноста да испари. Додајте павлака и зачинете со сол и бибер, па добро промешајте. Префрлете ја смесата во сад за печење, посипете рендан кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека се стопи кашкавалот.

Сочен и богат ручек за паметење: Пригответе прелеан ролат со спанаќ и со кашкавал
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.