Сочен и богат ручек за паметење: Пригответе прелеан ролат со спанаќ и со кашкавал

Пробајте!

Превкусен ручек за целото семејство

Состојки:
  • 500 г мешано мелено месо
  • 200 г свежи скараџиски колбаси
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 120 г лебни трошки
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 1 лажиче пипер
  • 150 г кашкавал во листови
  • 100 г млад спанаќ
  • 400 г лупени домати
  • босилек
  • 3 лажици маслиново масло
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Се истиснува месото од скараџиските колбаси, па се поврзува со мешаното мелено месо. Се додаваат ситно сечканиот црвен кромид и пасираниот лук. Се ставаат јајцата, црниот пипер, магдоносот и лебните трошки, се посолува и запиперува, па со рака се замесуваат состојките.

2. На работната масичка се нанесува проѕирна фолија и на неа се става месниот фил за ролатот. Со намрсени раце филот се истенчува во правоаголник со дебелина од 1 см.

3. Преку подлогата од месо се распоредуваат листовите кашкавал и одозгора се нанесува измиениот и исчистен млад спанаќ.

4. Со помош на проѕирна фолија подлогата од месо заедно со филот се рола. Краевите се притискаат да се залепат.

5. Ролатот се витка во фолија и се става во плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 50 минути.

6. Лупените домати се миксираат, па се соединуваат со босилекот и маслиновото масло. По 50 минути печење, ролатот се вади од фолијата, се прелева со сосот од домати и се враќа да се потпече.

Извор: Добра храна

Повкусни не сте пробале: Лазања-ролати со алфредо-сос
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.