Рецепт на денот: Лосос на јапонски начин

Ќе уживате во овој необичен рецепт

Ако сте љубители на суши, ќе ви се допадне ова интересно јадење со лосос

Потребни состојки:
  • 300 грама ориз
  • 350 грама димен лосос
  • 2 помали зрели авокада
  • свежо цеден сок од лимон
  • 4 лажици сос соја
  • 4 лажички пропржен сусам
  • помала главица кромид
  • чили пиперче, ситно исечкано
Приготвување:

Измијте го оризот во вода. Во лонец, ставете 400 милилитри вода, ориз и оставете го да зоврие, па потоа поклопете го и оставете го оризот да се вари 10 минути.

Испржете го лососот од двете страни.

Исечете го авокадото на резанки, а лососот на покрупни коцки, измешајте и додајте лимонов сок и сос соја. Оставете го лососот 10 минути во маринадата, па измешајте го со исцедениот ориз.

Пропржете сусам во тавче и наросете го врз оризот, заедно со чили пиперчето и кромидот.

Уживајте во необичната комбинација на вкусови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.